Дома Трансфер зона Супер засилување за Мурињо: Фенербахче го купува играчот кој го сакаше Атлетико

Супер засилување за Мурињо: Фенербахче го купува играчот кој го сакаше Атлетико

Maроканскиот репрезентативец, Софијан Амрабат ќе биде ново засилување за Фенербахче.

Се обидуваше Атлетико да го доведе Мароканецот, дури Диего Симеоне и лично го повика, но Мароканецот на крајот се сели кај Мурињо.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во прашање е позајмица со обврска за откуп наредното лето. Фенербахче ќе плати сума од два милиони евра сега и уште 13 наредното лето. Во игра се и дополнителни три милиони евра кои би се исплатиле преку бонуси. Тоа значи дека Фиорентина би можела да заработи 18 милиони евра.

Минатата сезона Амрабат ја помина на позајмица во Манчестер Јунајтед. Се шпекулираше дека може да биде откупен, но Ерик Тен Хаг се одлучи за Мануел Угарте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…