Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер дерби на Чаир, многу шанси, два гола и мајсторија на Фреди Алварез! 🎥

Супер дерби на Чаир, многу шанси, два гола и мајсторија на Фреди Алварез! 🎥

Денес се играат натпревари од 17. Коло во првата македонска лига, а најголемо внимание привлекуваше дербито на Чаир помеѓу Шкупи и Шкендија.

Дербито ги оправда очекувањата од почетокот на натпреварот гледавме убав офанзивен фудбал со шанси и на двете страни. Во првото полувреме се истакнаа голманите Захов и Наумовски, па голови не видовме.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во второто Шкупи беше тимот кој повеќе напаѓаше, но сепак Шкендија стигна прва до водство. Џокерот кој влезе од клупата Ваљмир Нафиу одлично го пронајде во шеснаесетникот Гури кој го матираше Наумовски.

Продолжи Шкупи да напаѓа и по примениот гол, погодена беше и пречката, а Захов запише неколку бравурозни интервенции. Сепак и тој ништо не можеше на мајсторијата на Фреди Алварез од слободен удар во 88. минута.

Во останатите натпревари Работнички победи во Штип кај Брегалница со 1:2, Скопје дома ја доби Струга со 1:0, Македонија Ѓорче Петров убедливо ја совлада Академија Пандев со 4:1, додека Ренова и Тиквеш ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…