Дома Фудбал Италија Судијата кој го оштети Милан: Плачев во соблекувалната, фудбалерите ме тешеа

Судијата кој го оштети Милан: Плачев во соблекувалната, фудбалерите ме тешеа

Италијанскиот судијата Марко Сера во моментов е под суспензија поради контроверзните одлучи кои ги досуди на мечот Милан – Специја.

Сера не призна чист гол на Милан во 93-та минута за 2:1, а потоа Специја постигна гол и „росонерите“ го загубија мечот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


По мечот судиската организација на Серија А му се извини на Милан, а Сера веднаш ја сфатил грешката и бил разочаран после мечот.

„Искрено по мечот, кога видов што направив, плачев во соблекувалната. Калабрија како капитен ми кажа утешителни зборови. Флоренци беше скршен како и јас, потоа поминаа Тео и Дијаз, ми рекоа да се расположам бидејќи секој може да згреши“, открива Сера.

„И Ибрахимовиќ зборуваше со мене, суштината на неговиот говор беше „Сега покажи дека си силен, биди свој и реагирај“. Им благодарам на фудбалерите за таквиот однос кон мене. Ми се допадна гестот на играчите на Милан, дури ден подоцна сфатив што направија. Сега со нетрпение чекам да се вратам на теренот“, истакна Сера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…