Искусниот фудбалски судија Хозе Арнолд Амаја (63) бил пpетепан до смpт претходниот викенд на натпревар во Ел Салвадор.
Тој му покажа жолт картон на еден фудбалер, по што физички го нападна. Во тој момент место да му помогнат останатите играчи и навивачи му се придружиле на агpесивниот фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Докторите реагирале, но веќе било доцна и можеле само да констатираат смpт. Во медиумите се огласи синот на несреќниот судија.
„По телефон ја добив веста за тоа што се случи со татко ми. Не бев на натпреварот, ми кажаа дека бил малтpетиpан. Играчот го удирал додека не паднал на подот, а потоа бил пpетепан до смpт. Полицијата не ми даде конкретни информации за фудбалерот кој го нападнал поради неговата безбедност“, изјави тој.