Дома Фудбал Судиското продолжение донесе неверојатно лудило на Африканскиот куп на нации!

Судиското продолжение донесе неверојатно лудило на Африканскиот куп на нации!

Вистинско лудило беше видено на двата синоќешни натпревари кои се одиграа во рамките на 3.коло на Африканскиот куп на нации.

Двата натпревари завршија со идентични резултати, 2:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мозамбик играше со Гана, а гостите веќе по петнаесет минути игра имаа предност од 1:0. Ају постигна гол од белата точка.

Истиот играч повторно беше стрелец, повторно од пенал, а овој пат погоди во 70. минута.

А потоа вистинска лудница во режија на Мозамбик. Најпрвин во 91. минута од пенал намалија на 2:1, а голот го постигна Катамо.

Три минути подоцна, израмнување во кое никој не веруваше. Шекил запиша асистенција, а Мандава го постигнува голот.

Фудбалерите на Зеленортските Острови одиграа 2:2 против Египет иако имаа предност по првото полувреме.

Бенчимол постигна гол во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме за водство на својот тим.

Трезеге го израмни резултатот во 50. минута, а вистинското лудило се виде во судиското надополнување и на овој меч.

Најпрво Мостафа Мохамед го доведе Египет во водство во 93. минута, но во 99. минута Тешеира и донесе бод на својата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…