Натпреварите од 4. коло во ПМФЛ донеле добро судење според Судиската комисија на ФФМ. На одиграните средби имало само еден спорен момент во кој судиите имале добра проценка.
Судиска комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 4 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На натпреварот ФК Вардар-ФК Силекс одигран на 23.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 38 минута.
Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Дејан Костадинов и Александар Ѓурковски.
38 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за гостински играч)
Играч од домашната екипа беше во посед на топката странично од голот на гостинската екипа, играчот ја центрираше топката во шеснаесетникот на гостите до свој соиграч и пред соиграчот да ја упати топката во гол беше повлечен за дрес од претпоследниот играч од одбраната на гостите, спречувајки очигледна шанса за гол.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради спречување очигледна шанса за гол ( влечење за дрес на противнички играч).
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.