Луис Суарез синоќа постигна гол против својот поранешен клуб Барселона и беше инспиратор на победата на Атлетико Мадрид.
Суарез не сакаше да го слави голот од почит кон Барселона, побара извинување од навивачите, но испрати порака гестикулирајќи телефонска слушалка.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Телефонската слушалка е посветена на луѓето кои преку телефон ми се јавија и ми соопштија некои работи. Сакам да им порачам дека уште го немам сменето бројот и уште сум тука. Не сакав да го славам погодокот од почит кон Барселона. Свесен сум низ каков тежок период поминува Барселона заедно со играчите и навивачите“, рече Суарес.
После доаѓањето на Куман на кормилото на Барселона, на Уругваецот му беше порачано дека повеќе за него нема место во тимот и може да си бара нов клуб.