Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше самокритичен после дебаклот кој го доживеа неговиот тим синоќа на „Енфилд“.
Уругваецот го одбрани тренерот Ернесто Валверде и изјави дека е недопустливо играчите да примат „наивен“ гол како четвртиот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Треба да бидеме спремни на сите критики кои сега ќе ги има за нас. Многу сме тажни, разочарувањето е големо. Изгледавме како деца при четвртиот гол“, истакна Суарез.
„Ние сме тие кои играат на теренот. Тренерот ја извади истата тактика како и во првио меч. Треба да се извиниме за начинот на кој игравме и за тоа како изгледавме на теренот. Треба да бидеме самокритични, бидејќи истото ни се случува втор пат по ред. Не може да правиме исти грешки две години, за тоа треба да размислиме добро“, изјави Уругваецот.
The ball boy was on his job ? Liverpool need to give him a season ticket for life after that ??
— Alexis’ Kavkas View (@AlexisIsKavkas) May 8, 2019