Дома Фудбал Останато Суарез за гризењето на Киелини: Се што се случуваше потоа беше болно!

Суарез за гризењето на Киелини: Се што се случуваше потоа беше болно!

Луис Суарез призна дека ја лажел сопругата дека не го гризнал Џорџо Киелини на натпреварот Уругвај-Италија, одигран на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Уругвајскиот репрезентативец поради тој потег доби црвен картон, а подоцна и четиримесечна суспенија од ФИФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се што се случуваше потоа беше болно. Децата стално ме прашуваа зошто не играм. Тие знаат дека јас сум само обичен човек и дека правам грешки како и сите други луѓе. Жал мие што ја лажев Софија. Сопругата ме праша дали го гризнав Киелини, а јас го негирав тоа. Ми беше тешко, бидејќи таа знаеше дека јас не сум таков. Дури и медиумите ми поставуваа прашања како се однесувам со семејството“, објаснува Суарез.

„Можете некого да казните, да го суспендирате… но да му забраните да тренира, или да го гледа внукот како тренира, мислам дека тоа не беше фер. Тоа не го разбирав. Не е проблем да бидам суспендирам на 10, 15, 20 натпревари, но односот на ФИФА кон мене беше нефер. Луѓето од ФИФА требаа да имаат разбирање, да ‘влезат во мојата кожа’, да разберат дека таква суепнзија боли. Лани не бев на свечената церемонија на ФИФА и никогаш нема да одам. Немам проблем да го кажам тоа“, додаде Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…