Кевин Стротман, во римското дерби ги покажа актерските способности, успеа да изнуди пенал, но поради тој гест ќе мора да паузира на наредните две средби.
Холанѓанецот во 44 минути демонстрираше исклучителни актерски способности, изнуди пенал од кој Рома израмни на 1:1, но Лацио во вториот дел постигна два гола за заслужена победа 3:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По прегледувањето на видео снимката, Дисциплинската комисија при Серија А, реши да го казни Стротман со два натпревари суспензија.
Натпреварите кои ќе ги пропушти Стротман се исклучително важни за неговиот тим, односно двете големи дербија против Милан и Јувентус.