Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома на крајот на сезоната ќе мора да продаде една од своите ѕвезди, а изборот паднал на Кевин Стротман.
Стротман е во Рома од 2013 година, но на лето најверојатно ќе ја промени средината, бидејќи „волчицата“ ќе мора да продаде една од своите ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стротман во својот договор има откупна клаузула од 45 милиони евра, а најсилен интерес за него покажувата миланските клубови.
Сепак, Интер е фаворит во трката за потписот на Холанѓанецот, поради добриот однос на Спалети со самиот фудбалер.