Дома Фудбал Останато Стрелецот на голот за Челзи вчера играл со погрешен дрес (ФОТО)

Стрелецот на голот за Челзи вчера играл со погрешен дрес (ФОТО)

Жоргињо е прекарот под кој е познат Жорге Луиз Фрело Филхо. Бразилецот со италијанско државјанство и член на репрезентацијата на „Аѕурите“ некои го сметаат за еден од најпотценетите играчи од средината.

Челзи минатото лето го доведе од Наполи за оштета од 65 милиони евра иако и Гвардиола го сакаше во Сити.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа се што набројавме не е доволно за во Челзи точно да го напишат неговото име и тоа во натпреварот од Супер купот.

Така вчера на натпреварот против Ливерпул место да стои „Jorginho“ на неговиот дрес пишуваше „Jorghino“.

Жоргињо во вчерашниот натпревар беше и стрелец за „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната шампионка „погребана“ без вистински погреб – нејзиното тело го оставија на најсуровото место

Голема трагедија се случи пред неколку недели, кога во Пакистан, на планините Каракорум, з…