Баерн Минхен каде што застана на крајот на минатата сезона таму продолжи во новата.
Баварците денес го торпедираа Шалке и во првото коло славеа победа од огромни 8:0. Катастрофата за Шалке започна уште во четвртата минута кога Серж Гнабри го отвори резултатот. За нов гол се чекаше до 19 минута кога Горецка зголеми на 2:0. Дека Шалке нема што да бара вечерва стана јасно после половина час игра кога Роберт Левандовски од пенал погоди за 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само што почна второто полувреме, после две минути Гнабри го постигнува својот втор гол на натпреварот, а десетина подоцна веќе запиша и хет-трик.
Во 70. и 71. минута следуваа два брзи гола на Милер и Лерој Сане. Не задоволија домаќините ниту со седумката, конечните 8:0 ги постави Мусиала во 81. минута.
Каков старт, машинеријата на Флик продолжува да гази и во оваа сезона!