Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Лихтенштајн на гости, земјата против која ја имаме највисоката победа во историјата.
Лихтенштајн го имавме победено со 11:1 во 1996. На мечот во Ешен кој се одигра во 1996 година, мрежата на противникот ја тресеа Дејви Главевски (хет-трик), Митко Стојковски, Тони Мицевски и Саша Ќириќ, кои дадоа по два гола, како и Ѓорѓи Христов и Ванчо Мицевски. Како што е очигледно издоминираа Битолчаните, но денес битолската школа е далеку од тоа ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За тоа жали и Митко Стојковски кој ни го истакна тоа во нашиот разговор пред овие два натпревари.
„Контактирам скоро со сите. Морам да потенцирам дека во тие два циклуси кога играв јас многу играчи потекнуваа од најдобрата фудбалска школа, а тоа беше битолската. За жал денес тоа повеќе не е случај“, ни изјави Стојковски.
И за македонскиот фудбал дефинтивно денес ќе беше добро Битола да го задржеше тоа ниво…
Интервјуто со Стојковски – тука.