Вардар денес во Скопје го совлада Монпелје во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.
Црвено-црните го исполнија својот дел од задачата меѓутоа за второто место потребно беше и Кјелце да го совлада Веспрем што на крајот не се случи (35:36). На крајот Вардар заврши како второпласиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот зборуваше Стојанче Стоилов кој според изјавата е задоволен од пласманот.
„Мислам дека никој не очекуваше дека ќе го освоиме третото место. Многумина се откажаа и не веруваа откако не напуштија многу ракометари пред почетокот на сезоната. Но, еве сме ние го освоимве третото место во најсилната група и покажавме дека ова е колективен спорт. Во Лигата на шампионите секогаш има силни противници, а ние ќе се обидеме да стигнеме колку што можеме подалеку“, изјави Стоилов.