Дома Македонски спорт Стоилковска елиминирана од Романката Беженеру во второто коло на турнирот во Египет

Стоилковска елиминирана од Романката Беженеру во второто коло на турнирот во Египет

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Таа денеска загуби од четвртата носителка Карола Патриција Беженару од Романија (26 год. 609 место ВТА) со 2-0 во сетови (62 62) за 1 час и 6 минути игра. За пласманот во второто коло Стоилковска ќе освои еден поен.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Во првиот сет поведе македонската тенисерка со 1:0, но потоа противничката имаше серија од пет гема за водство од 5:1, кое Стоилковска успеа да го ублажи и сетот заврши со скор 6:2 во гемови. Во вториот сет Стоилковска водеше со 1:0 и 2:1 во гемови, но Беженару имаше серија од четири гема за 6:2 во сетот. Во текот на мечот романската тенисерка имаше 4 брејка од 9 можности, а македонската тенисерка ниту една брејка шанса.

Магдалена Стоилковска ќе има настап на уште еден турнир во Египет (W25 Шарм Ел Шеик), а според пријавите на тенисерките најверојатно ќе треба да игра и во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…