Дома Фудбал Италија Стигна потврда: Серија А се враќа на 13-ти јуни

Стигна потврда: Серија А се враќа на 13-ти јуни

Шампионатот во Серија „А“ ќе се врати на 13 јуни, официјално објави италијанската фудбалска лига.

Од следниот понеделник тимовите ќе можат да тренираат, бидејќи во моментов се дозволени само индивидуални тренинзи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Управата на Серија А донесе одлука сезоната да продолжи на 13 јуни и сега се чекаше само зелено светло од владата. Сега претседателот на Националниот комитет за спорт, Џовани Малаго потврди дека Серија А ќе продолжи на тој датум.

„Серија А ќе продолжи на 13-ти јуни, тоа е сигурно 99,99%. Сепак, во моментов е тешко да се предвиди кога ќе заврши сезоната“, потврди Малаго.

Натпреварите ќе се играат со посебен протокол и без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси и неговото семејство синоќа дознаа страшни вести!

Лео Меси имаше навистина добра сезона зад себе, а неговиот фокус, секако кога е во прашање…