Николо Заниоло долги години е дел од Рома и еден од најважните играчи, но како што стојат работите двете страни се блиску до разделба во овој преоден рок.




Заниоло одби да го продолжи договорот и се водат преговори со клубови од Премиер лигата. Дека е поблиску до заминување потврдува и тоа што самиот побарал да не биде дел од денешниот натпревар во кој Рома ја победи Специја (0:2).




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Информацијата за медиумите ја потврди спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто.




„Добро знаеме дека во фудбалот постојат две сезони. Една во која трансфер пазарот е затворен и во која сите сме помирни и втора во која трансфер пазарот е отворен. Во вториот случај, има играчи кои индивидуалните интереси ги ставаат пред интересите на тимот.




„За жал, не е првпат да се случи вакво нешто. Денес со нас се сите оние кои имаат желба и страст да се борат за Рома“, изјави Пинто.



