Анте Ребиќ по само четири месеци минати во Милан, би можел да се врати назад во Ајнтрахт Франкфурт.
Хрватскиот фудбалер дојде во таборот на „росонерите“ како големо засилување, но ретко кога добива шанса, и затоа се разгледува можноста за враќање во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој е позајмен во Милан на две години, со можност да се откупи неговиот договор, меѓутоа има и клаузула која вели дека Ајнтрахт Франкфурт може да го врати во било кој преоден рок во првата година од позајмицата, доколку Милан го дозволи тоа.
Оваа есен Ребиќ не успеа да се запише на листата на стрелци, а одигра скромни 170 минути во дресот на „росонерите“, па Милан е спремен да го врати во Ајнтрахт.
Ова лето после одличниот настап на Мундијалот Ребиќ беше мета на многу европски гиганти, но не се снајде на „Сан Сиро“.