Дома Трансфер зона Стигна и потврда: Коларов се враќа во Црвена Звезда

Стигна и потврда: Коларов се враќа во Црвена Звезда

Српскиот репрезентативец Александар Коларов ова лето сигурно ќе ја напушти Рома, а италијанските медиуми пренесуваат дека би можел да се пресели во Црвена Звезда.

Коларов играл во младинските категории на Црвена Звезда, но никогаш не стигнал до првиот тим, меѓутоа не крие дека е голем фан и дека сака кариерата да ја заврши токму во тој клуб.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првиот човек на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, потврди за српските медиуми дека веќе ги остварил првите контакти со Коларов.

„За Александар вратите секогаш се отворени, моја желба е тој да се врати овде“, потврди Терзиќ.

Коларов сезонава покажа дека се уште е во врвна форма и на 43 меча за „волчицата“ постигна девет гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…