Дома Фудбал Степи ги плаши Германците: Ги чекаат 60.000 „Делии“, ќе грмат 90 минути!

Степи ги плаши Германците: Ги чекаат 60.000 „Делии“, ќе грмат 90 минути!

Драгослав Степановиќ, легендарниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, очекува реми пред натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг на „Маракана“ во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Популарниот Степи играше за Звезда од 1973 до 1976 година, денес живее и работи во Франкфурт, запознаен е со случувањата во Бундес лигата, но ги следи и црвено-белите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Многумина во Германија беа изненадени од поразот од Лајпциг минатиот викенд. Тие беа поразени од Мајнц (2:0), за кого тоа беше прва победа сезонава.

Од друга страна и Звезда се мачи, долго време е во криза, игра слабо во Лигата на шампионите и Супер лигата на Србија.

Српскиот тренер пред мечот во Белград им зборуваше на Германците за српскиот шампион, а на „Маракана“ очекува да се поделат бодовите, а верува дека црвено-белите можат и да победат.

Лајпциг почна добро, но не се истакнува во последно време. Во карактерот на Звезда е да ги игра најдобрите натпревари против најдобрите тимови.

Очекувам барем нерешено. Го победи Ливерпул во 2018 година, може да го победи и Лајпциг, кој е фаворит, но фаворитите не секогаш победуваат.

Звезда нема што да загуби. Сакаат и мора да ја искористат последната шанса. Таму имам пријатели од старите времиња. Ја гледам Звезда кога можам – изјави Драгослав Степановиќ во интервју за порталот „rblive.de“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија е потресена од скандал, се споменуваат и поткупувања за повици во репрезентацијата!

Третиот последователен неуспех да се обезбеди место на Светското првенство дополнително го…