Дома Фудбал Статуа на Јохан Кројф поставена пред „Камп Ноу“ (видео)

Статуа на Јохан Кројф поставена пред „Камп Ноу“ (видео)

Раководството на Барселона вчера вечер на стадионот „Камп ноу“ претстави статуа во чест на легендата на каталонскиот клуб Јохан Кројф. Бронзената скулптура тежи околу 3.500 килограми. Неговата висина е 3,5 метри.

Статуата е работена околу четири месеци од страна на Холандската скулпторка Кори Амерлан. Кројф играше за Барселона од 1973 до 1978 година. Заедно со екипата стана шампион на Шпанија (1973/74) и освојувач на купот (1977/78).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Подоцна, од 1988 до 1996 година беше тренер на Барселона. Под негово водство, клубот четири пати ја освои Примера (1990/91, 1991/92, 1992/93, 1993/94) и стигна до Суперкупот на УЕФА (1992).

Кројф почина во 2016 година на 68-годишна возраст од рак на белите дробови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …