Денес од 13:00 часот по Средно Европско време свечено ќе бидат отворени Зимските олимписки игри во Пекинг.
Церемонијата на отварањето ќе се одржи на стадионот „Птичје гнездо“ на кој се отвараа и летните олимписки игри во 2008 година. На оваа Олимпијада ќе учествуваат 3000 спортисти од повеќе од 90 држави кои ќе се натпреваруваат во 109 дисциплини. Треба да се спомене и дека Пекинг станува првиот град во светот кој организарал Летни и Зимски олимписки игри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Пекинг Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти. Дардан Дехари кој ќе се натпреварува во слалом/велеслалом на 13 и 16 февруари ќе биде македонскиот знаменосец. Ставре Јада ќе настапи во спринт слободно 1.5км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари), додека Ана Цветановска ќе не претставува во 7.5км слободно + 7.5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км калсично (10. Февруари).
Затварањето на игрите е закажано за 20. февруари.
☀️From 2008 to 2022❄️
— Beijing 2022 (@Beijing2022) February 3, 2022
🔥From Summer to Winter🔥
✨💪Chinese national first-class actor, Chen Gangsheng (#JackieChan #成龙) participated in today's #TorchRelay. 🎇Are you ready for the #OpeningCeremony?#Beijing2022 #Olympics #TogetherForASharedFuture pic.twitter.com/hw3yxQJx2R