Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е многу блиску до трансфер во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Последните неколку недели во англиските и италијанските медиуми се појавија многу шпекулации дека англискиот репрезентативец би можел да се пресели во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стариџ ги одбил понудите на Вест Хем, ВБА и Њукасл бидејќи сака трансфер надвор од Премиер лигата.
„Нероаѕурите“ се спремни да му понудат на Ливерпул два милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, но исто така сакаат да добијат можност за целосен откуп слдното лето.
Првично „црвените“ бараа дополнителни 28 милиони евра, но Интер не сака да плати повеќе од 20 милиони. Сепак, последните информации од медиумите гласат дека двете страни се многу блиску до договор.