Дома Трансфер зона Српски талент потпиша за Манчестер Сити!

Српски талент потпиша за Манчестер Сити!

Младиот напаѓач на Чукарички, Слободан Тедиќ официјално потпиша договор со англискиот шампион Манчестер Сити, пренесуваат српските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот е веќе постигнат, а 19-годишниот фудбалер ќе се пресели во Манчестер Сити во јануари.

„Постигнавме договор со еден од најдобрите клубови на светот. За Тедиќ, но и за сите нас кои работиме во овој клуб, тоа е голем успех. Кога еден клуб каков што е шампионот на Англија ве следи вас и вашите фудбалери, а потоа и го ангажира, тоа значи дека сте на добар пат“, изјави спортскиот директор на Чукарички.

Тедиќ е роден во Подгорица, но ги минал сите младински категории на српската фудбалска репрезентација, а може да игра на повеќе позиции во нападот.

Оваа сезона Тедиќ на девет меча постигна четири гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…