Дома Фудбал Срамно однесување на тинејџерот на Реал: Лежеше по тревникот и ме навредуваше мене и мојата мајка

Срамно однесување на тинејџерот на Реал: Лежеше по тревникот и ме навредуваше мене и мојата мајка

Реал Мадрид вчера со погодок во финишот од натпреварот успеа да стигне до победа против Бетис од 2:1.

На овој натпревар шанса доби и скапо платениот тинејџер на Реал Мадрид Винисус Жуниор. Меѓутоа доколку се точни зборовите на Марк Бартра, Винисус Жуниор покажал срамно однесување.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Неколку пати му кажав да стане бидејќи лежеше по тревникот, а потоа покажа дека не ме почитува. Три пати ме нарече ку*кин син и ја навредуваше мојата мајка. Многу е млад и треба од своите соиграчи во Реал да научи како да се однесува“, им откри Шпанецот на новинарите.

За Винисус Реал на Фламенго плати сума од 61 милион евра со бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез сака да си замине, познато е и каде?!

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси. Токм…