Некогашниот француски репрезентативец Бен Једер се појави во судот за обвинувањата за силување, а неговата одбрана медиумите ја пренесуваат како срамна.
Имено, во судот Бен Једер истакна дека не се сеќава на ништо и за стореното дело го обвини алкохолот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се чувствувам на ништо не можам да кажам дали сум го направил тоа. Поради алкохолот сум тука. Искрено се извинувам на жртвата, нејзиното семејство и своето семејство“, изјави Бен Једер кој е најдобар стрелец на Монако на сите времиња.
„Поради алкохолот не се сеќавам. Сфаќам дека беше најголема грешка во мојот живот“, изјави фудбалерто кој 19 пати го носеше дресот на Франција.
Исто така тврдеше дека алкохолот му помогнал да го надмине тешкиот период.
„Јас сум осамена личност, тешко ми е да им верувам на луѓето. Излажан сум во многу ситуации. Излез пронајдов во алкохолот“, исто така зборувал напаѓачот.
Во кариерата Бен Једер најдлабока трага остави Монако каде што стана најдобар стрелец во историјата на овој клуб, додека дресот на Франција го носеше на 19 натпревари.