Дома Трансфер зона Спортскиот директор на Јувентус потврди: Разговаравме за размена Артур – Пјаниќ

Спортскиот директор на Јувентус потврди: Разговаравме за размена Артур – Пјаниќ

Јувентус вчера играше против Болоња во рамките од Серија А, а пред натпреварот спортскиот директор на тимот од Торино, Фабио Партичи зборуваше за гласините за кои во медиумите се пишува подолго време.

Вчера во текот на денот „Ла Република“ објави дека конечно е постигнат договор според кој Миралем Пјаниќ би се преселил во Барселона, а Бразилецот Артур Мело во Јувентус.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Наводно клубовите се согласиле, а и Артур кој претходно правеше проблем сега наводно прифатил. Партичи само потврди дека преговарале со Барселона.

„Разговаравме со Барселона за размената Артур – Пјаниќ. Двата тима сега се фокусираат важните натпревари до крајот на сезоната и ќе мора да почекаме, а договорот зависи и од желбата на играчите“, изјави Партичи.

Јувентус ја победи Болоња со 2.0 и така ќе го задржи првото место и после ова коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…