Сојузот на спортски федерации во соработка со Агенцијата за млади и спорт организираше дружба со децата со Даунов синдром.
Спортските активности беа дел од настанот на кој директорот на Агенцијата за млади и спорт ја искористи приликата да им додели спортска опрема на сите деца, како поддршка за се што овие спортисти прават за себе, но и за претставување на сопствената држава надвор од границите на истата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено станува збор за поголема група на деца која учествува во различни спортови и тоа: пливање, фудбал, лесна атлетика и други спортски активности со кои земаат активно учество и надвор од државата, особено во земјите од Балканскиот регион.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека ќе продолжи соработката со оваа група на спортски ентузијасти, особено кога станува збор за нивни настапи на меѓунареден план.