Дома Трансфер зона „Спорт“ открива: Нејмар поставил барање, а неговата мајка и сестра се веќе во Барселона?

„Спорт“ открива: Нејмар поставил барање, а неговата мајка и сестра се веќе во Барселона?

Ако по утрото денот се познава Нејмар ќе биде прва ѕвезда на летниот преоден рок.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен наводно се кае што пред две години се пресели во Париз и ова лето Нејмар би можел да се врати во Барселона.
Оваа информација за странските медиуми ја потврди заменик претседателот на Барселона, Жорди Кардонер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ние во овој момент се во процес на заминување на играчи. Тоа мораме да го завршиме до 30-ти јуни. Точна е информацијата дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но не е точно дека Барселона во овој момент размислува на таа тема. Тоа не е предмет на расправа“, изјави Кардонер.

Каталонскиот „Спорт“ објави информации дека мајката и сестрата на Нејмар веќе бараат можна резиденција за еден од најдобрите играчи на денешницата.
Бразилската суперѕвезда побарал повторно да биде во Педралбес како и во периодот од 2013 до 2017 година кога беше член на Барселона.

Додека Нејмар е спремен да прифати намалување на платата за да се врати во Барселона, најтешкиот дел од работата ќе биде да се убеди ПСЖ.

Понудата од 100 милиони евра и Кутињо засега не е доволна бидејќи во Париз го бараат и Дембеле.

Нејмар во ПСЖ премина за 222 милиони и неговиот рекорд се уште никој не го срушил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…