Дома Македонски спорт Мак фудбал Списокот комплетиран: Овие фудбалери ќе патуваат на ЕП

Списокот комплетиран: Овие фудбалери ќе патуваат на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, денес го соопшти конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска.

Селекторот на македонските надежи минатата недела објави список со 17 имиња, како сигурни патници за Полска, а по одработените тренинзи првичниот список го надополни со уште седум имиња:

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Елиф Елмаз (Работнички), Давор Здравковски (Македонија ЃП), Тихомир Костадинов (Злате Моравце, Словачка), Алекса Амановиќ (Јавор, Србија), Филип Илиќ (Гандзасар, Ерменија), Јован Попзлатанов (Пелистер) и Петар Петковски (Вардар).

„Според планот, денеска го објавувам списокот на играчи кои ќе патуваат на ЕП во Полска. На оние 17 кои претходно ги објавивме, им приклучивме уште седум играчи од новата генерација 96/97. Мислам дека сите со своите игри низ квалификациите и со својот однос кон македонскиот дрес во целост го заслужија повикот. Секако дека овие седуммина ќе бидат едни од носителите на играта и во наредниот квалификациски циклус, кои почнуваат во септември“, изјави Милевски.

Списокот за ЕП во Полска:
Алексовски, Шишковски, Илиќ, Зајков, Велковски, Муслиу, Мурати, Бејтулаи, Демири, Николов, Барди, Давид Бабунски Аврамовски, Радески, Ангелов, Ѓорѓев, Пивковски, Маркоски, Елмаз, Здравковски, Костадинов, Амамновиќ, Попзлатанов, Петковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…