Дома Фудбал Италија Спалети искрен пред дербито: Ќе ни недостасува Џеко

Спалети искрен пред дербито: Ќе ни недостасува Џеко

Екипата на Рома денес на „Олимпико“ од 20:45 го игра големото дерби од серија против тимот на Јувентус.

Евентуална победа на Рома би била од голема важност во борбата за втората позиција, а пред овој натпревар Лучијано Сплаети се соочи со големи проблеми кога е играчкиот кадар во прашање. Против Јувентус не ќе може да настапи суспендираниот Стротман, повредениот Џеко, додека настапите на Наинголан и Пероти се под знак прашалник.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


„Против Јувентус ќе играат само оние кои се најспремни. Сигурно дека ќе ни недостасуваат клучните играчи, но ќе мораме некако да го надоместиме нивното отсуство. Разочаран сум што Џеко нема да може да ни помогне, сигурно дека многу ќе ни недостасува“, изјави Спалети.

Спалети потоа зборуваше за Јувентус.

„Оваа сезона Јувентус секогаш беше најспремен во големите натпревари. Покажаа дека знаат како да ја контролираат ситуацијата. Сигурно дека постои разлика во квалитетот на тимовите, но можеме да пронајдеме начин ако им се приближиме“, истакна тренерот на клубот од Рим.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналис…