Тренерот на Интер, Лучијано Спалети потврди дека Икарди сака да остане во Милано и следната сезона, но предупреди дека се може да се случи во летниот преоден рок.
Икарди во договорот има откупна клаузула од 110 милиони евра, која неколку европски гиганти се спремни да ја платат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Икарди е среќен во Интер и сака да остане, но има клубови кои секогаш се спремни да платат многу. Во тој случај играчите лесно можат да го променат мислењето и да заминат. Треба да бидеме спремни на се, но засега нема сигнали дека Мауро може да замине“, искрен беше Спалети.
Неговата сопруга и менаџер,Ванда Нара потврди дека има три клуба кои се спремни да ја платат клаузулата, но истакна дека наскоро ќе почнат преговори за нов договор со Интер.