Дома Фудбал Останато Сопругата на Икарди откри каде фудбалерот ќе ја продолжи кариерата

Сопругата на Икарди откри каде фудбалерот ќе ја продолжи кариерата

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда изјави за италијанските медиуми дека аргентинскиот напаѓач сигурно ќе остане во Интер.

Претходните денови доста се шпекулираше за тоа дали Икарди ќе го напушти Интер, бидејќи имаше шпекулации дека не сака да го продолжи договорот со клубот. Меѓутоа, Ванда одлучи сето тоа да го демантира иако и самата пред неколку недели изјави дека Маруо размислува за заминување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Но, овој пат семесјтвото Икарди ја промени приказната и сега Ванда тврди дека Маруо 100% ќе го продолжи договорот со Интер. Иако преговорите се уште не започнаа, очигледно Икарди нема во план да ја напушти „Меаца“.

„Не зборувавме со клубот за нов договор и се уште нема потреба. Кога ќе не повикаат ќе седнеме и ќе се обидеме да се договориме. Тој сака да остане и сигурна сум дека 100% ќе остане во Интер, иако се уште не зборувавме со управата на клубот. Одиме чекор по чекор и нема причина да се пишува за заминување“, изјави Ванда

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…