Дома Офсајд Сопругата на Варди позираше гола и бремена за да испрати порака

Сопругата на Варди позираше гола и бремена за да испрати порака

Ребека Варди, сопруга на англискиот фудбалер Џејми Варди, позираше гола во бремена состојба со цел да порача дека никогаш повеќе не сака да забремени.

Околу Нова Година парот ја очекува нивната принова, а Џејми е воодушевен од фотографиите на Ребека кои сака да ги закачи на ѕид во нивниот дом.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


20-12-rebeca-vardy1

Ребека за The Sun изјави дека сакала да направи фотографии какви што свовремено направи Деми Мур за Vanity Fair.

„Џејми и јас знаеме дека ова ќе биде наше последно бебе и одеднаш сфатив дека никогаш повеќе нема да бидам бремена. Го најдов совршениот фотограф за ваква работа, Карис Кенеди, и го направив тоа“, објаснува Ребека порачувајќи дека се чувствува исклучително среќно поради тоа.

20-12-rebeca-vardy2

Тие се венчаа во мај, а ова ќе биде второ дете за Варди со Ребека, додека за неа ќе биде четврто дете, бидејќи има две деца од претходниот брак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…