Дома Фудбал Останато Соопштени казните за хаосот во натпреварот ПСЖ – Марсеј

Соопштени казните за хаосот во натпреварот ПСЖ – Марсеј

Дисциплинската комисија на Францускиот фудбалски сојуз ги соопшти казните за хаосот кој се случи во финишот од француското дерби помеѓу ПСЖ и Марсеј.

Во споменатиот натпревар во судиското продолжение беа исклучени петмина играчи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тројца домашни – Нејмар, Пардес и Курзава и двајца од редовите на гостите – Бенедето и Амави.

Курзава која ја започна тепачката со Амави доби најтешка казна од шест натпревари суспензија. Амави нема да игра три натпревари. Нејмар и Паредес добија по два натпревари, додека Бенедето ќе пропушти еден натпревар.

Меѓутоа за двајцата играчи за кои се очекуваа можеби и најстроги казни се уште не е ништо соопштено. Без казна засега се Алваро Гонзалес кој го расистички го навреди Нејмар и Анхел Ди Марија кој го плукна Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари важна домашна победа од 2-1 против Астон Вила во првиот натпревар о…