Астон Вила и Тотенхем одиграа возбудлив меч со пет гола, а на крајот се радуваше тимот на Жозе Мурињо.
Херој на Тотенхем беше Сон, кој во последната минута го претрча половина терен и погоди за победа од 2:3.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поведе Астон Вила со комичниот автогол на Вертонген во 9-та минута, а петнаесетина минути подоцна истиот играч израмни на 1:1. Веќе до полувремето „спарси“ дојдоа до водство после пеналот кој Сон го претвори во гол.
Бјорн Инглс во второто полувреме погоди за 2:2, а потоа на сцена стапи Реина кој одбрани неколку чисти шанси. Победата на донесе Сон во последната минута.