Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се пожали на распоредот оваа недела бидејќи неговиот противник во полуфиналето од ФА Купот, Челзи ќе има 48 часа повеќе одмор.
Челзи својот натпревар од 36 коло во Премиер лигата го играше во вторникот, додека Јунајтед против Кристал Палас игра денес, а Челзи и Јунајтед во недела ќе се сретнат во полуфиналето од купот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солскјер се пожали на ваквиот распоред.
„Не е чесно тие да имаат 48 часа повеќе одмор. Пред продолжување на сезоната разговаравме за потребата за фер распоред. Нас натпреварот во четврток ни е важен затоа што се бориме за Лигата на шампионите, а потоа мораме да се се спремиме за натпреварот во недела“, изјави незадоволниот Солскјер.