Дома Фудбал Англија Солскјер и Јунајтед изгубија од последниот тим во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Солскјер и Јунајтед изгубија од последниот тим во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед денес им приреди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи.

„Црвените ѓаволи“ гостуваа кај последниот тим на табелата во Премиер лигата и изгубија со 2:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во првото полувреме не видовме премногу прилики за погодок, Јунајтед имаше една 100% шанса меѓутоа Џеси Лингард не реагираше најдобро. Лингард излезе еден на еден со голманот Фостер, се обиде да го лобува и промаши. Треба да се истакне дека Лингард во текот на цела 2019 година е без гол, па очигледно на англискиот фудбалер му недостасува самодоверба.

Ова промашување на Лингард уште повеќе ги болеше навивачите кога Давид Де Геа киксираше и Исмаил Сар на стартот од второто полувреме го доведе Вотфорд до предност. Само неколку минути по голот на Сар, Вотфорд доби пенал, а сигурен реализатор беше Трој Дини.

За Вотфорд ова беше прв триумф на домашен терен оваа сезона (вкупно втора) и сега оние на Островот кои тврдат дека Солскјер треба да биде отпуштен ќе бидат уште погласни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…