Поранешниот напаѓач на Ливерпул и сга член на Саутемптон, Дани Ингс е новата трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
И покрај фактот што Кавани потпиша нов договор и ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, сепак „црвените ѓаволи“ сакаат да донесат уште еден напаѓач ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солкјер вчера потврди дека клубот е во потрага по засилување на нападот, а најновоти име на списокот е Дани Ингс.
28-годишниот Ингс има договор со „светците“ на уште една сезона, па најверојатно ова лето ќе биде продаден.
Со оглед на фактот дека Хари Кејн е премногу скап, „црвените ѓаволи“ ќе испратат понуда до Ингс во наредните денови.