Дома Фудбал Солари му одговори на Гвардиола: Реал е најдобар во историјата!

Солари му одговори на Гвардиола: Реал е најдобар во историјата!

Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари смета дека неговиот клуб е најдобар во историјата и дека Гвардиола направил намерна грешка кога не го стави меѓу најдобрите клубови во деценијата.

Гвардиола неодамна изјави дека Барселона, Баерн Минхен и Јувентус се најдобрите клубови на деценијата, со оглед на тоа дека секоја година се борат за трофеи на домашна и европска сцена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Многумина тоа го сватија како „пецкање“ за Реал Мадрид кој изминатата деценија освои четири титули во Лига на шампиони.

„Ми се чини дека намерно го направи тоа. Нема сега да расправаме дали Реал бил најдобар во последната деценија, бидејќи станува збор за најдобриот клуб во историјата“, изјави тренерот на „кралевите“,Сантиаго Солари.

Реал во четврток го очекува реванш мечот со Џирона во кралскиот Куп, откако на домашен терен победи со 4:2.

„И понатаму се бориме на три фронта и сакаме да останеме во трката до самиот крај. Поради тоа играчите се спремни да го дадат максимумот, да го остават срцето на терен“, истакна Солари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цените на билетите за Светското првенство и до 10 пати поскапи отколку во Катар

Сè уште не знаеме ни половина од 48 учесници на Светското првенство кое во 2026 година ќе …