Салах игра фантастична сезона во дресот на Ливерпул, го воодушеви фудбалскиот свет и според многумина ја заслужува и „Златната топка“.
Лверпул остварува одлични резултати на крлјата на Салах и синоќа се пласираше во финалето од Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Салах заедно со Фирмињо и Мане формира убиствен напад, кој синоќа забележа историски рекорд и стана најефикасното три во Лигата на шампиони.
Меѓутоа, соиграчот на Салах, Алберто Морено откри дека Египќанецот се пази во последно време за да не заработи некоја повреда.
„Салах е неверојатен, има навистина незаборавна сезона. Но, во последно време тренира со 20 посто од можностите од страв да не се повреди. Сега му следи муслимански празник во кој нема да може да јаде и пие. Јас ќе јадам и ќе пијам за него, така ќе му помогнам на тимот“, изјави Шпанецот.