Џадон Санчо беше еден од најдобрите поединци во редовите на Борусија Дортмунд во победата од 2:1 на домашен терен против ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето.
Џадон Санчо и претходно покажа дека е фантастичен играч, а легендата на Манчестер Јунајтед Овен Харгривс за Санчо кажа дека против ПСЖ играл како Нејмар во најдобрите денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Санчо играше како Нејмар во најдобрите денови“, смета Харгривс.
Манчестер Јунајтед се поврзуваше со Санчо, па Харгрвис им порача да не штедат и да го доведат на „Олд Трафорд“.
„За Санчо не треба да штедат, треба да платат колку што е потребно и да го доведат. Тој е навистина посебен“, истакна Харгривс.
Во медиумите претходно се шпекулираше дека Борусија Дортмунд за Санчо ќе бара сума од околу 140 милиони евра.