До крајот на преодниот рок во Англија останува само два дена и се помалку време има Марио Манџукиќ да го реализира најавениот трансфер во Манчестер Јунајтед.
Помеѓу навивачите на Јунајтед, но и во англиските медиуми мислењата за овој потенцијален трансфер се поделени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стен Колмор, поранешниот напаѓач на Ливерпул и Астон Вила во својата колумна за „Мирор“ по повод рекордниот трансфер на Хари Мегвар пишуваше и за Манџукиќ.
Maguire is not worth £80million – Man Utd new boy isn't in Van Dijk's league |@StanCollymore https://t.co/JKHcGuF2vo pic.twitter.com/9q77hhDLn0
— Mirror Football (@MirrorFootball) August 5, 2019
Колмор го светуваше Солскјер да се откаже од намерата да го доведе Манџукиќ.
„Навивачите се возбудуваат поради големите имиња, но менаџерите се возбудуваат поради делот од колачот. Дали ако Манџукиќ не беше понуден во размена за Лукаку, Јунајтед би го барал? Сигурно не. Не сум сигурен дека тој може да придонесе многу во тимот на Солскјер, Јунајтед треба да се откаже од потенцијално голема грешка“, напиша Колмор.
Преодниот рок во Англија завршува во четврток во 18:00 часот.