Милан е во незапамтена криза, клубот е на дното во Серија А, но играчите и натаму веруваат во Марко Џампаоли.
Џампаоли ова лето пристигна во Милан, но за сега ништо конкретно не направи. Росонерите имаат дури четири порази од првите шест натпревари во Серија А.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, и покрај се му дава потполна поддршка на Џампаоли.
„Нема што да се каже во овие моменти, само мораме да останеме заедно. Тимот никогаш не треба да се откаже од тренерот. Со него сме до смрт.“ – порача 24-годишниот стопер.
„Ја преземаме целата одговорност бидејќи сме виновни само ние. Испадна многу лошо во претходниот натпревар, тоа не го очекувавме. После настапот во Торино мислевме дека можеме да направиме уште еден чекор напред, но тоа не беше случај. Се надеваме дека следниот натпревар ќе биде подобар. Време е да ги засукаме ракавите на тренинзите и да останеме заедно.“
Следниот викенд Милан ќе ја пречека Џенова и евентуален пораз, па и реми може да значи и отказ од клупата на Џампаоли.