Веста за исчезнувањето на авионот во кој беше најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала денес го потресе фудбалскиот свет.
Сала за викендот го комплетираше трансферот од Нант во Кардиф, а потоа сакаше да се врати во Франција да се поздрави со поранешните соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потрагата по авионот во кој Сал бил сам со пилотот ќе продолжи утре наутро.
Во јавноста се огласи и сегашниот тренер на Фулам, Клаудио Раниери кој во Нант соработуваше со Аргентинецот.
„Уништен сум од вестите кои ги слушнав, Емилијано е фантастична личност. Тој е голем борец. Фудбалскиот свет е обединет и сите чекаме позитивни вести. Се молам за Емилијано и неговото семејство“, изјави Раниери.
"I was devastated to hear the news. Emiliano is a wonderful character. He’s a fighter. The world of football will be united in wishing for some positive news. I pray for Emiliano and his family." – Claudio Ranieri#PrayForSala pic.twitter.com/koBQt12s09
— Fulham Football Club (@FulhamFC) January 22, 2019