Словенскиот репрезентативец Јосип Иличиќ неколку дена наназад е една од по актуелните теми во Италија поради наводните проблеми.
Иличиќ претходно го напушти Бергамо и доби зелено светло од клубот да се врати во Љубљана. Првата верзија на италијанските медиуми е дека паднал во депресија затоа што ја затекнал сопругата со друг маж кога се вратил во станот. Сепак, набрзо неговата сопруга Тијана објави заедничка фотографија и ги демантираше таквите пишувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После последниот натпревар со Интер многу играчи и членови на Аталанта му искажаа поддршка на Иличиќ позирајќи со неговиот дрес, а сега на него се потсетија и навивачите на клубот од северна Италија.
„Во ова ситуација сакаме да му кажеме на Иличиќ дека го сакаме. Бергамо е ваш дом. Кога и да посакате, со фудбалски копачки или без, дојдете заедно да испиеме пиво“, гласи пораката од навивачите на Аталанта.
Судејќи според се Иличиќ навистина има проблеми и приказната дека може да ја заврши кариерата не е само медиумска шпекулација. Аталанта сега ја чека натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите, а малку е веројатно дека Иличиќ ќе настапи на него.