Шпанскиот третолигаш сигурно ќе биде најинтересниот тим за гледање оваа сезона во својата конкуренција.
Марко Бориело пристигна на Ибица.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимот на Ибица оваа сезона ќе се натпреварува во третото по ранг натпреварување во Шпанија, а во својот тим ќе има сигурно едно големо име, а можеби и две.
Откако во тимот пристигна поранешниот фудбалер на Милан, Рома и Јувентус, Марко Бирело во тимот после него би можел да пристигне неговиот сонародник – Антонио Касано!
„Ќе има уште едно големо засилување, но не можам да ви кажам кој ќе биде тоа“, изјави Бориело при пристигнувањето во овој клуб.
Како што споменавме според информациите од Шпанија тоа ќе биде Антонио Касано, легендарниот италијански фудбалер кој нема клуб уште од заминувањето од Верона минатата година. Последниот официјален натпревар го одигра уште во сезоната 2015/2016.