Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг изгледа оптмистично пред натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите.
Ќе потсетиме, ждребката за четвртфиналето во Лигата на шампионите ги спои старите ривали од најелитното европско натпреварување, Манчестер Јунајтед и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, најголема закана за голот на Давид Де Геа се очекува да биде Лионел Меси.
Меѓутоа, дефанзивецот Смолинг смета дека Меси има слабост која ја знае само тој. Смолинг остана мистериозен и не сакаше на јавноста да и открие на што мисли.
„Постои една слабост во играта на Меси која ја знам само јас. Мислам дека остатокот од светот не е свесен за тоа и поради нема да откријам на што мислам“, изјави таинствениот Смолинг.
Што Смолинг смислил и како ќе игра против „волшебникот“ Меси останува да видиме во наредните недели. Сепак, едно е сигурно доколку не успее да го запре и Меси блесне како што знае сигурно дека оваа изјава ќе му дојде „преку глава“.