Дома Видео Сме гледале секакви прослави, но ова е една од најбизарните

Сме гледале секакви прослави, но ова е една од најбизарните

Фудбалот често знае да ни донесе интересни потези и голови.

Покрај тоа на терените покрај постигнатите голови можат да се видат и интересни прослави на гол, а низ текот на годините можевме да се нагледаме на чудни прослави.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, она која е видена во Бугарија овој викенд е повеќе од чудна. Имено, Берое го играше својот натпревар против Дунав Русе и од 15. минута водеше со 1:0.

Во 32. минута домашните навивачи го видоа и вториот гол кој го постигна Минчев, кој после тоа започна со прославата, а во тоа му се придружија и неговите соиграчи.

Сепак, еден од нив на чуден начин одлучи да го прослави голот на Минчев, а со оглед дека неговата прослава не може лесно да се опише со зборови, најдобро е сами да го погледнете видеото…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Македонски фудбалери го прогнозираа исходот на натпреварот со Велс – еве какви се нивните очекувања!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од квалификации…